Македонската селекција во традиционално карате на СП во Перу (ФОТО)

Македонската репрезентација во традиционално карате од денеска па до 9 ноември ќе учествува на официјалниот 22. ИТКФ Светски шампионат во традиционално карате во Лима, Перу.

Во сениорска конкуренција на СП во дисциплината кати ќе настапи Дејан Недев, а пак на светскиот куп за деца ќе настапат: Камелија Недев, Софија Јарчевска и Филип Недев кои ќе настапат во дисциплините кати и џиу ипон кумите.

ИТКФ светскиот шампионат по втор пат во историјата на ИТКФ се одржува во Лима, Перу. Првиот ИТКФ СШ се одржа пред точно 34 години во далечната 1990 година.

Оваа година Интернационалната Традиционална Карате Федерација прославува јубилеј 50 години од нејзиното формирање, формирана во Њујорк, САД во 1974 година како Интернационална Аматерска Карате Федерација која подоцна во 1990 година за време на светскиот шампионат во Перу го промени името во Интернационална Традиционална Карате Федерација чиј претседател се до 2008 година беше легендарниот Сенсеи Хидетака Нишијама.

На светскиот шампионат во Лима, Перу ќе учествуваат над 800 каратисти од 46 земји во светот.

Се вчитува...