Македонската шаховска репрезентација ќе учествува на Европското првенство во Грција

Македонската шаховкса репрезентација најави дека ќе патува на Европското првенство во Грција од 12 до 19 јули. Во Солун ќе се одржува екипното европско првенство за деца и младинци во четири категории У12, Г12, У18 и Г18.

Македонија ќе ја претставуваат две репрезентации, по една во категориите У12 и У18.

Составот на репрезентацијата до 12 години е:
1. Андреј Иванов – рејтинг 1.515
2. Никола Петровски – рејтинг 1.398
3. Александар Спасов – рејтинг 1.337
4. Никола Јаневски – рејтинг 1.337
5. Павел Крстевски – рејтинг 1.121

Составот на репрезентацијата до 18 години е:
1. Емил Ристески – рејтинг 2.405
2. Андреј Вељаноски – рејтинг 2.162
3. Михаил Јорданов – рејтинг 2.158
4. Антон Златков – рејтинг 2.149
5. Теодор Јовановски – рејтинг 1.944

Селектор на двете репрезентации е Орце Дамчевски. Организаторот најавува дека сите партии ќе може да се гледаат во живо преку интернет-стриминг.

Се вчитува...