МАКЕДОНСКИ БИСЕР: Брестовац со супер одбрана му кажа „НЕ“ на германскиот гигант (ВИДЕО)

Ракометарите на Е. Пелистер имаат негатива од 12-15 на полувреме против германскиот Магдебург во натпревар од 9. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Македонскиот тим иако во еден момент имаше и пет голови негатива, сепак успева по 30 минути игра да остане со шанси за позитивен резултат. Благодарен за овој резултат е младиот Давид Брестовац кој успеа да му одбрани пенал на Магнусон во финишот на првиот дел и со тоа да го остави својот тим на негатива од три гола.

Се вчитува...