Македонската ракометна репрезентативка Ива Младеновска ќе го памети денешниот ден, откако доби шанса за деби во Лигата на Шампионите во дресот на Брест.
Суперталентираната ракометарка пред две години од Металург се пресели во Франција, каде дополнителниот напредок во формата и настапи и овозможи да стигне и до настап во елитното европско клупско натпреварување. Брест за противник го имаше Будуќност, меч на кој францускиот тим доминираше и славеше со 35-22, а Младеновска успеа да постигне два гола со стопроцентна реализација.
Втората Македонка во ЛШ, Сара Ристовска, постигна три гола во ремито на Рапид Букурешт на гостувањето против Кристијанштад од 30-30.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА