Тоше Цветков е македонски боксер кој гради успешна кариера во тешка категорија, каде во последните години има импресивен скор од 13 победи и само еден пораз. Притоа, десет од тринаесетте победи на Цветков завршиле со нокаут, па Македонецот полн со самодоверба го чека најголемиот предизвик во кариерата.
Тој на 26 јули во Елазиг, Турција, ќе излезе на мегдан со домашниот боксер Умут Чамикран, кој е актуелен шампион на ВБЦ Азија. Противникот делува моќно, досега има скор 23-0 во кариерата (21 нокаут), но Цветков е оптимист дека иа среде Турција ќе успее да го изненади актуелниот шампион.

„Имам 33 години, но од 15-годишна возратс сум во боксот. Од самиот почеток на кариерата мој сон е да се стине до врвот, да се освои шампионски појас. Сега сум на еден чекор до остварување на тој сон, од срце верувамд ека ќе успеам да го донесам шампионскиот појас во Македонија. Одлично сум подготвен, тренинзите се одвиваа во најдобар ред и максимално подготвен ја дочекувам следната борба. Противникот е силен, но верувам во себе, дека можам да стигнам до толку посакуваната победа“, вели Цветков во пресрет на следниот предизвик во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

