Македонски ден на ОИ: Егоров и Рељиќ со настап во Париз

Македонските репрезентативци Милјана Рељиќ и Владимир Егоров денеска ќе го имаат својот настап на Олимписките Игри во Париз, во обид да остварат што подобар пласман во ова гоелмо натпреварување.

Таеквондото ни донесе огромна радост во Токио, а Рељиќ во категоријата до 57 килограми ќе се обиде да тргне по стапките на Дејан Георгиевски со добар настап во Париз. Ждрепката не и беше наклонета на Македонката, па така прва противничка ќе и биде Џејд Џонс, искусната Британка со бројни медали од големите натправарувања.

„Џејд Џонс е двократна олимписка шампиона, има светски и европски медали, но тоа не ме обесхрабрува, туку ми дава поголем мотив да дојдеме до медал“, истакна Рељиќ во пресрет на своето олимписко деби.

Егоров се натпреварува во борење во категоријата до 57 килограми, а во првото коло за ривал ќе го има Амар Шерават од Индија, инаку петти носител на турнирот.

Според најавите, борбата на Егоров се очекува да почне во 11.30 часот, додека олимпиското деби на Рељиќ ќе стартува во 12 часот.

Се вчитува...