Светскиот тенисер број 2 и еден од најголемите фаворити за титулата на УС Опен, Новак Ѓоковиќ се пласираше во 1/2 финалето на Грен слемот, откако го елиминираше американскиот тенисер Тејлор Фриц со 3-0 (во сетови 6-1, 6-4 и 6-4).
Меѓу фановите на Ноле секогаш на трибините има и Македонци кои се верни навивачи. Еден фан со македонско знаме успеа да дојде во првите редови, каде Ѓоковиќ даваше автограми.
Навивачот го исправи македонското знаме и побара Ѓоковиќ да му се потпише. Србинот без проблем го стави својот потпис, а македонскиот навивач радосно го зема знамето и веднаш го бакна, покажувајќи колку многу му значи тој автограм од неговиот омилен тенисер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

