Како малку кога во последните десетина години, се чини, натпреварите од есенскиот дел од сезоната 2016/ 2017 во Првата македонска фудбалска лига понудија извонредни голови.
Ретко видени ремек-дела на фудбалските терени на македонската фудбалска јавност изминатава година и понудија Бојан Најденов, Стефан Спировски, Дамир Којашевиќ, Бесарт Ибраими, Хуан Фелипе, Арменд Алими… Факт е дека ќе останат запаметени „„бомбите“ на Најденов, мајсториите на Фелипе и Ибраими, и ударите од далечина на Спировски и Којашевиќ. За жал, останува впечатокот само дали има и кој да ги види овие мајсториите на нашите натпревари кои се играат пред исклучително мал број навивачи.
Погледнете ги ТОП 7 головите, согласно изборот на ЕКИПА, кои во македонската Прва лига ја одбележаа изминатава година…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА