Македонскиот фудбалски интернационалец Изаир Емини е позитивен на коронавирусот, објавија косовските медиуми. Емини оваа сезона е член на косовскиот тим Дрита Гњилане, а се покажал позитивен на Covid-19 на последното тестирање. Сепак, не чувствува силни симптоми на коронавирусот и засега е во домашна изолација.
Тоа е првиот македонски спортист кој официјално е позитивен на тестирање на Covid-19. Во Македонија, заболе и боречкиот тренер Љубиша Пешко, но по неколкудневен болнички третман успешно ја надмина болеста.
Емини во Македонија играше за Ренова и за Шкендија, а претходно беше интернационалец и во првенството на Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА