Македонскиот клупски фудбал од поодамна е под секое ниво, меѓутоа денешните случувања на натпреварот меѓу Тетекс и Каменица Саса во Тетово кој се играше на игралиштето со вештачка трева на АМС, во 6. коло од Втората фудбалска лига, се чини, ги надминува сите можни граници.
Случувања, ако не се трагични затоа што од страна на навивач е нападнат гостински фудбалер на сред терен, тогаш се дефинитивно за серијалот „најсмешни видео инсерти“. Вистинска трагикомедија ако се погледнат условите и терените каде и како се игра Втората фудбалска лига!
Во финишот на натпреварот кој заврши со победа од 0-2 на Каменица Саса, навивач на Тетекс си влезе на терен удирајќи бокс на напаѓачот на гостите, Бошко Ступиќ, а потоа веднаш се даде во бегство по околните ниви до игралиштето кое е отворено од сите страни! По него се уклучи „полициска потера“, но навивачот на Тетекс успеа да им избега на полицајците. Веднаш по овие немили сцени главниот судија означи крај на натпреварот….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА