Македонскиот голман Ведран Ќосевски е херојот на денот на фудбалските терени на Балканскиот полуостров, откако постигна неверојатен погодок од 70. метри за израмнување на големото босанско дерби меѓу Жељезничар и Широки бријег што заврши 1-1.
Гостите до пред самиот крај имаа минимална предност и се наоѓаа на чекор до прва победа на „Грбавица“ по пауза од четири години. Сепак, тоа не го дозволи младиот Ќосевски, кој шутна една топка од својата половина кон противничкиот шеснаесетник. Гостинскиот голман не интервенираше како што треба, лошо проценувајќи го летот на топката, за огромна радост на македонскиот интернационалец и за домашните навивачи.
Ведран Ќосевски е роден во Велес, но потоа се сели во БиХ, каде ги минува своите први фудбалски чекори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА