И додека во модерните европски клубови се бараат играчи со помош на менаџери, скаути, кои одат од натпревар во натпревар и бараат се што е најдобро за нивните екипи, во Македонија функционира она традиционалното – преку оглас.
На сајтот на Агенцијата за вработување, се појави оглас во кој фудбалскиот клуб Тетекс, гордоста на Тетово, бара фудбалер. Нуди плата од 24.400 денари, основниот фонд на работа изнесува 40 часа неделно. Потребното искуство е означено со бројката 1 (не е прецизирано дали е една сезона, или еден шут или еден постигнат гол).
Работното место е строго прецизирано со работно време: претпладне.

„Ако сте спремни да влезете во тимот – Тетекс чека нов фудбалски херој“, стои во огласот на Вработување, кој можете да го видите на следниот линк.
Па така, ако сте заинтересирани да играте фудбал за 24.400 денари месечно, еве ви шанса. Работното време е од 9 до 16 часот, со претпладневни тренинзи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

