Македонски мечувалци ќе настапат на Европскиот куп за кадети во Будимпешта

Најдобрите млади македонски мечувалци Петар Дамјаноски и Огњан Бундалески од денес ќе учествуваат на Европскиот куп за кадети што се одржува во Будимпешта. На Европскиот куп ќе настапат дури 370 пријавени мечувалци од 64 држави од целиот свет бидејќи е од отворен карактер. Само од САД се пријавени 30 мечувалци, од Јапонија 22.

Според рејтингот на пријавени  мечувалци кои ќе настапат во Будимпешта, Дамјаноски котира на 44, Бундалески на 112 место според резултатите што ги имаат постигнато досега на европските и светските првенства за кадети. Со добар пласман во Будимпешта, Дамјаноски и Бундалески ќе обезбедат и подобри стартни позиции за настап на Европското првенство идната година.

Заедно со нив во Будимпешта се и претседателот на Мечувалечката федерација на Македонија Зоран Стојановиќ како и тренерот и национален селектор Билјана Кузмановска-Николовска.

М.М

Се вчитува...