Македонската фудбалска репрезентација одигра 1-1 против четирикратниот светски првак Италија во Торино, во претпоследниот меч од квалификациите за мундијалот во Русија. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски одиграа одличен меч, ги „парализираа“ Италијанците на нивен италијански начин, а имаа поддршка од повеќе од 1.000 Македонци на трибините на Олимпискиот стадион во Торино.
Ги имаше од многу градови ширум Италија, од Торино, Пјаченца, Бари, Болцано…
„Километрите секако не се проблем за да се бодри Македонија. Со ќеиф допатувавме во Торино, а после мечот секако ќеифот е уште поголем, затоа што успеавме да останеме непоразени против Италија. А ние што живееме во оваа земја, многу добро знаеме што им значи фудбалот на Италијанците“, вели Горан, кој со своето друштво допатува од Болцано за да и даде поддршка на фудбалската репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА