Македонски младински репрезентативец е ново засилување на Работнички

Работнички продолжува со засилувања за вториот дел од сезоната. Последен кој ги засили редовите на „романтичарите“ е Аритон Мехмеди.

Станува збор за младински репрезентативец на Македонија кој настапува во категоријата У19 и пристигнува од редовите на Шкупи.

За крилниот фудбалер тоа ќе биде втор клуб во кариерата.

Се вчитува...