Уште една огромна фудбалска пресметка, по онаа синоќешната меѓу Јувентус и Барселона, ја очекува Европа – вечерва во Минхен. Баерн и Реал Мадрид на мегдан во првата четвртфинална средба од Лигата на шампионите.
Сето тоа е сериозен магнет и за бројни навивачи на двата клуба од Македонија.
Во Минхен вечерва ќе бидат и членовите на македонскиот фан клуб на Реал Мадрид, и тоа како гости на Кире Андонов од Кочани, Македонец кој долги години живее во Германија и е носител на македонското навивачко движење во поддршка на Баерн Минхен.
Огромен е ривалитетот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид на терен…. Неизбежно ќе биде и меѓу македонските навивачи, и од двата табори, вечерва на трибините во Минхен… Но, како што велат, само за време на натпреварот. А, се до тогаш ќе има и тоа како заедничка дружба меѓу македонските „баернисти“ и македонските „мадридисти“…
И од двете страни, најавуваат дека слично вакво заедничко патување ќе има и на реванш пресметката меѓу двата тима, на 18. април во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА