Македонија триумфално го почна настапот на ЕП 2023, откако во меч за паметење беше совладана Данска, за огромна радост на теренот, но и на трибините меѓу пет илјади навивачи кои дадоа безрезервна поддршка на нашите репрезентативци.
Секоја чест на селекторот Миленкоски за тактиката, на сите одбојкари за карактерот и големиот камбек по загубениот прв сет, но и на навивачите кои знаеја кога е најпотребно, да им дадат дополнителен елан на своите спортски миленици.
Затоа што тоа е македонскиот рецепт за успех – срце на терен, фешта на трибини… и со него можеме да се радуваме на нови победи на ЕП во Скопје, почнувајќи од саботниот дуел со Црна Гора на кои треба да се очекува полна сала. Оваа репрезентација тоа го заслужува…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА