Горан Пандев и Илија Несторовски идната сезона би можеле да играат во тандем во ист клуб во Серија А. Фиорентина е заинтересирана да го спои македонскиот репрезентативен тандем, кој функционира одлично во изминатите неколку натпревари во националниот тим. Италијанскиот калчолигаш, според информациите од Апенините, ги посакува двајцата македонски напаѓачи.
Горан Пандев по завршувањето на оваа сезона дефинитивно ќе ја напушти Џенова, со оглед дека во изминатиот период добиваше многу мала минутажа. Илија Несторовски е најпријатното изненадување во Серија А оваа година, и за него се заинтересирани неколку италијански, шпански и англиски клубови, меѓу кои и Фиорентина. Многу извесно е дека првиот напаѓач на „виолетовите“, Никола Калиниќ, ќе ја напушти Фиренца, а раководството размислува токму за спојување на македонскиот репрезентативен тандем Пандев – Несторовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА