Македонскиот борец Горјан Славески е нов светски шампион во велтер категорија во БКФЦ шампионатот, во борбите без ракавици.
Во мечот за светската титула на турнирот во Мајами, Славески го совлада Џејк Линдзи со едногласна одлука на судиите, уште еднаш покажувајќи ја својата доминација. Македонецот до победата дојде откако очигледно доби три од петте рунди.
Славески досега во кариерата има шест победи од исто толку борби во ова натпреварување. Патот на Славески до светската титула почна во април 2022 година со триумфот против Рамал Аманов. Потоа пред Македонецот потклекнаа и Џастон Стилс, Далас Дејвисон, Евгениј Курданов, Јосденис Седено и сега Џејк Линдзи.
Gorjan Slaveski is the NEW BKFC Welterweight Champion! 😤#BKFC49 @bareknucklefc pic.twitter.com/0m73UQf0OZ
— Triller Fight Club (@trillerfight) August 26, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА