На „Ванда Метрополитано“, стадионот на Атлетико Мадрид се изложени дресовите на преку 80 фудбалски репрезентации, а меѓу нив блесна и дресот на фудбалската репрезентација на Македонија. Ова денес го објавија официјалните палтформи на „јорганџиите“.
Станува збор за кампања организирана од дипломатските претставништва, чија цел е промоција на фудбалот.
„На ‘Ванда Метрополитано’, стадионот на Атлетико Мадрид се изложени дресовите на преку 80 фудбалски репрезентации, како дел од кампањата на дипломатските претставништва, меѓу нив и на македонската амбасада во Шпанија, за промоција на фудбалот како механизам за градење мир и благосостојба меѓу земјите, но и како средство за пријателство меѓу народите во светот“, објави ФФМ на својот Фејсбук профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА