Македонскиот дуел во Бундеслигата решен со гол на четири секунди до крајот

Велцaр на нашиот Филип Миркуловски и Штутгарт на Жарко Пешевски одиграа супер-интеренсен натпревар во 9. коло од германското првенство, а истиот заврши со победа за домаќините од 35-34. Херојот за „зелените“ беше Црногорецот Стефан Цавор кој на четири минути пред крајот донесе победа за својот тим.

Нашите репрезентативци натпревари го завршија со по четири постигнати голови. Миркуловски реализираше четири од седум обиди, додека Пешевски беше перфектен со „четири од четири“. Ова воедно беше и последен дуел за нив пред враќањето во Македонија за собирот на репрезентацијата и викендот на ЕХФ.

Со оваа победа Велцaр се искачи на 11. позиција на табелата со скор од четири победи и четири порази, додека Штутгарт се наоѓа на 16. место со две победи и седум порази.

Се вчитува...