Удинезе и Џенова на нашите Илија Несторовски и Горан Пандев ремизираа без голови во 14. коло од Серија А (0-0). Македонецот во редовите на домашниот тим не настапи ниту на овој меч поради рехабилитација од повреда, додека Горан Паднев влезе на натпреварот во 73. минута, но не успеа да му донесе бодови на својот тим.
По овој меч Удинезе останува на 14. позиција на табелата со 15 освоени бода, додека тимот предводен од Шевченко е на 18. позиција со само десет освоени бода. Во следното коло Удинезе му гостува на Лацио, додека Џенова на домашен терен ќе се сретне со Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА