Македонскиот дуел во Лига Европа помеѓу Фенербахче на Езгјан Алиоски и АЕК Ларника на Иван Тричковски заврши со победа за турскиот состав кој го одбрани домашниот терен славејќи со 2-0. Батшуаји донесе предност за домаќините во 26. минута, а автоголот на Мамас во 80. минута ја потврди победата.
Алиоски го започна натпреварот и одигра 90. минути, додека Тричковски доби шанса во 80. минута, но не успеа да му помогне на својот тим во Истанбул.
3 puan bizim! 💪#UEL pic.twitter.com/x75XcxIsqy
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) October 6, 2022
Реал Бетис ја забележа и третата победа во 3. коло од Лига Европа откако славеше на гостувањето кај Рома со 1-2. Дибала донесе водство за „волчицата“ од белата точка во 34. минута, но шест минути подоцна Родригез го изедначи резултатот. Победоносниот гол го постигна Луиз Енрике во 88. минута.
Во останатите натпревари:
Олимпијакос – Карабак 0-3
Арсенал – Бодо/Глимт 3-0
Рен – Динамо Киев 2-1
Фрајбург – Нант 2-0
Брага – Ројале Унион 1-2
Митјуланд – Фејенорд 2-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА