Првиот натпревар од Суперкупот на ВТБ лигата донесе и македонски дуел откако силите си ги одмерија ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ и Уникс Казањ на Ненад Димитријевиќ. На крајот на победа се радуваа „армејците“ кои славеа со 76-71.
Македонскиот стратег на овој натпревар не можеше да смета на услугите на едни од најдобрите играчи, Алексеј Швед и Никита Курбанов, а остана и без Иван Укхов кој се повреди во втората четвртина. Сепак и покрај тоа неговиот состав успеа да ја превземе резултатската контрола во втората четвртина, одолеа на налетот на противникот во третиот дел и се најдоа на добар пат да обезбедат место во финалето од разигрувањето за титула.
Ненад Димитријевиќ кој беше неизвесен за денешниот натпревар настапи на паркетот, а постигна пет коша, две асистенции и една украдена топка за 13 минути поминати во игра.
Во следниот натпревар ЦСКА Москва силите ќе си ги одмери со белградска Мега, дуел со кој треба да го осигура местото во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА