Македонскиот едриличар Ердал Лушо како трет, за седум дена, ја заврши првата етапа од легендарната трка преку Атлантикот (ФОТО)

Македонскиот едриличар Ердал Лушо ја финишира првата етапа од спектакуларната легендарна трка „Светски предизвик преку Атлантикот“ (SAC-2025) која во моментов се одржува од Португалига па се до Карибите во Јужна Америка.

Лушо, во конкуренција на осум едриличари кои претходно се квалификуваа за оваа легендарна трка, првата етапа од Португалија до Канарските острови ја заврши на третото место, во првата група на едрилици, со време од седум дена и 39 минути. Во текот на поголемиот дел од оваа прва етапа македонскиот едриличар беше во водство пред останатите натпреварувачи, но на крај како трет пристигна во Тенерифе на Канарските острови.

Веќе полни седум дена, Лушо и останатите учесници пловат по Атлантикот како дел од легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“. Се очекува трката да ја завршат за неверојатни 40 дена, во обид да го преминат Атлантикот, од Португалија до Карибите.

Од вкупно 18 учесници, само 8 претходно ги поминаа елиминациските трки, и се изборија заместо во финалната трка преку Атлантикот, меѓу кои и Лушо, кој со неговата едрилица „Пиксел“ неодамна успеа да ги изедри неопходните 400 наутички милји без престан и се квалификува за место помеѓу ретките луѓе во светот кои се дел од оваа трка.

Мора да се напомене, дека неговата едрилица „Пиксел“ сам ја изгради во Струга, со помош на своите пријатели и спортски ентузијасти од клубот, со детали од дрвото што дедото го засадил во дворот на неговиот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @erdalluso

Брод што се движи само со силата на ветерот и со голема верба во соништата, и со приказната за вистински храбри луѓе од Македонија, продолжува да плови и во следните околу 30 дена, до Карибите!

ТРКАТА НА ЕРДАЛ ЛУШО И НЕГОВИОТ НАПРЕДОК ПРЕКУ АТЛАНТИКОТ СО ЕДРИЛИЦАТА „ПИКСЕЛ“ МОЖЕ ДА ГО СЛЕДИТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...