Македонскиот фудбалски свет е во вистински шок по веста дека денеска загуби една од своите најголеми легенди. Како што пренесува „Слободен печат“, на 70-годишна возраст, по кратко боледување почина поранешниот југословенски репрезентативец а огромна македонска фудбалска легенда, Васил Рингов!
Рингов кој се прослави во вардаровиот дрес освојувајќи ја шампионската титула во поранешна Југославија во 1987 година, е роден во Струмица во 1955 година, каде и ја започна својата кариера во Беласица, по што настапуваше за Партизан, Тетекс и Вардар, каде го остави најдлабокиот печат. Во вардаровиот дрес одигра над 200 лигашки натпревари и постигна 93 гола, запишувајќи се како една од најголемите негови легенди.
Кратко настапуваше и за Динамо Загреб, како и за германскиот Ајнтрахт Брауншвајг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

