Македонскиот кикбокс карван продолжува со полна пареа на меѓународната сцена: Викендов на Балкан Опен Куп во БиХ!

Mакедонските кикбокс клубови викендов настапуваат на Европскиот кикбокс „ВАКО 19. Балкан опен 2025” кој се одржува во Тешањ, БИХ.

Нашата земја ќе настапи со 23 натпреварувачи во 26 натпреварувачки влезови од осум македонски кикбокс клубови. Тимовите ќе ги предводи тренерската екипа составена од девет тренери. На овој традиционален 19-ти по ред европски куп учество ќе земат 363 натпреварувачи во 425 влезови од 78 клуб од 12 држави.

“И покрај финансиските потешкотии одиме на нов меѓународен мегдан. Нашите кикбоксери се подготвени и затоа ништо не може да не спречи во моментов. Трошоците и за овој куп паѓаат повторно на наш грб и повторно без помош од нашето Министерство за спорт. Очекувам добри борби и секако ќе атакуваме на повеќе медали. Им посакувам среќа и успех на сите натпреварувачи и борби без повреди“ – изјави Дејан Митровски – Урко, претседател на Кикбокс Маитаи ферацијата на Македонија.

Се вчитува...