Македонскиот клупски фудбал е под нивото и на косовскиот, ако се суди според поразот на Шкупи пред своите навивачи од Балкани во првиот натпревар од плеј-офот за место во групната фаза од УЕФА Конференциската лига.
Македонскиот шампион загуби со 1-2 на арената „Тодор Проески“ во Скопје, па ќе има повеќе од тешка задача на реваншот во Приштина за седум дена да се избори за триумф и место во групите од третото по квалитет европско клупско натпреварување.
Шкупи имаше игра, но не успеа да ги искористи своите шанси, за разлика од косовскиот тим кој знаеше мудро како до победата. Сето тоа како уште една потврда за очајната квалитативна состојба во која се наоѓа македонскиот клупски фудбал кој никако не може да дочека европска есен…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА