Македонскиот напаѓач Крстевски потпиша тригодишен договор со Црвена Звезда (ФОТО)

По плејадата македонски фудбалери кои минале низ „црвено-белите“ редови во историјата, белградска Црвена Звезда најмалку и во следните три години ќе има Македонец во својот тим.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, 21-годишниот Страхиња Крстевски потпиша договор со шампионот на Србија до јануари 2022 година. Крстевски, кој е роден во Нови Сад а ја минал младинската школа на Војводина, во Црвена Звезда доаѓа од редовите на бугарскиот прволигаш Локомотива Софија.

Крстевски до својата 15-та година беше дел од младинските селекции на Србија, а потоа настапуваше за младинските репрезентации на Македонија до 17 и до 19 години. Како што пренесуваат од Црвена Звезда, Крстевски нема веднаш да биде инфилтриран во првиот тим на белграѓани но најпрво пролетва ќе биде дел од клубот-филијала на „црвено-белите“, Графичар каде ќе настапува на позајмица по што би се вклучил во редовите на српскиот шампион.

Се вчитува...