Македонскиот олимписки комитет денеска информираше дека се пристигнати пет барања за Вонредно собрание по кое претседателот Даниел Димивски свика Редовно Изборно Собрание кое ќе се одржи на 8 февруари со почеток од 18 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“.
Соопштението на Македонскиот олимписки комитет ви го пренесуваме во целост:
„До
Членовите на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија
Предмет: Редовно Изборно Собрание на Олимпискиот комитет на Северна Македонија
Почитувани,
Заклучно со денес, пристигнаа 5 (пет) барања за Вонредно Собрание и врз основа на тоа Претседателот свикува Редовно Изборно Собрание кое ќе се одржи на 08 февруари 2024 година (четврток), со почеток во 18:00 часот, во спортскиот центар “Јане Сандански“, Бул.АСНОМ 1, 1000 Скопје.Во прилог, како работен материјал за Собранието, Ви ги доставуваме Записникот од последното редовно Собрание, Дневниот ред и Критериуми за избор на Претседател.
Со почит,
Канцеларија на Олимпискиот комитет на Северна Македонија“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА