Македонскиот Олимписки Комитет започна со промоцијата за Европскиот младински олимписки фестивал

Македонскиот олимписки комитет ја почна работата со промовирање на Европскиот младински олимписки фестивал на кој следната година токму Македонија ќе биде домаќин.

Почна едукацијата на деца од основните училишта за олимписките вредности, но и единство почит и фер игра.

„Со гордост Ве известуваме дека МОК активно ја започнува својата работа и промовирање на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) 2025 на разни спортски настани, вклучувајќи го и Wizz Air Marathon Skopje 2024! Покрај тоа, со особена посветеност започнавме проект за едукација на децата од основните училишта за Олимписките вредности – хуманост, единство, почит и фер игра. Целта е да го инспирираме младото поколение да ги живее овие вредности во спортот и во животот. Очекуваме заедно да го доживееме EYOF 2025 и да го направиме Скопје центар на младинскиот спортски дух! Во следниот период очекувајте информации за начин на аплицирање за и Вие бидете дел од организирање на овој спектакуларен настан кој ќе го обедини спортскиот свет“, стои во соопштението на МОК. 

 

Се вчитува...