Македонскиот репрезентативец Итан Хап својата кариера ја продолжува во редовите на евролигашот Валенсија.
По една сезона мината во Гран Канарија, Хап ја промени клупската средина, останувајќи во Шпанија, но сега во редовите на Валенсија.
Американскиот центар со македонски пасош потпиша двегодишен договор, сега со амбиција да му помогне на тимот да го освои Еврокупот со што повторно би се изборил за место во Евролигата.
28-годишниот Хап претходно во својата кариера настапуваше и за Бреоган во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА