Актуелниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ би можел да го преземе црногорскиот Будуќност во новата сезона.
Сегашниот селектор, како што пренесуваат дел од црногорските медиуми, е најсериозен наследник за поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ кој планира да ја напушти клупата на Будуќност.
Бајиќ е веќе седум години на чело на тимот на Игокеа, а сега првпат може да го очекува нов сериозен клупски предизвик во последната декада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА