ЕКИПА во Прага, Чешка
Горан Бошев
Македонија го игра клучниот натпревар во квалификациите против Украина, меч кој е да се биде или не, односно со победа остануваме во игра за ЕП, додека евентуален неуспех не исклучува од патот кон ЕВРО.
Благоја Милевски, селектoрот на Македонија признава дека има притисок, но е среќен поради тоа, затоа што според него што е поголем притисокот, тоа се поголеми очекувањата од репрезентацијата.
„Момците секогаш кога доаѓаат да играат за Македонија, не треба да стане збор за мотивираност. Момците со нивниот однос кон македонскиот дрес, секогаш покажуваат дека се тука за репрезентацијата и секогаш со максимална мотивираност. Спортски притисок би морало да има, што е поголем притисокот, очекувањата се поголеми. Затоа сум среќен и тоа е дополнителен мотив и сигурен сум дека е така кај играчите. Тоа покажува дека имаме квалитет, дека сме способни да направиме уште нешто големо“, изјави Милевски на прес-конференција во Прага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА