Македонските баскетџии подобри од САД на светското финале во Дубаи

Момците од EUROEDIL HOLDING го отворија натпреварувањето на Светското финале во Дубаи со две победи, а посебно забележителна е таа против екипата од Соединетите Американски Држави со 13-7, во рамки на групната фаза од завршетокот на Red Bull Half Court 3х3 натпреварувањето.

Екипата, составена од две братски двојки, поранешни и сегашни репрезентативци – Елвис Хот и Амар Хот односно Карло и Паоло Блажевски во второто коло славеа иа над Малдиви со 21-7, а во последниот меч беа поразени од Ј. Африка.

Финалето од овој турнир е закажан за утре, 29. ноември.

 

 

 

Се вчитува...