Квалификацискиот боксерски турнир во Лондон е едно од ретките спортски натпреварувања кое ќе се одржи во ситуација кога светот се бори со коронавирусот.
На него ќе учествуваат двајца македонски репрезентативци кои ги добија противниците во квалификациите за ЛОИ во Токио. Прв на рингот во Лондон ќе излезе Јасин Љама кој за противник го доби Александрос Цаникидис од Грција. Во категоријата на Јасин Љама, 63 килограми има вкупно 28 боксери, а неговата борба со Цаникидис на програмата е утре.
Гоце Јанески во категоријата до 75 килограми за противник го доби Етерна Квадрадо од Шпанија. Јанески на рингот ќе излезе в понеделник. Во категоријата на Јанески има пријавено вкупно 34 боксери.
Квалификацискиот турнир во Лондон е прв од двата предвидени за обезбедување олимписка норма за Игрите во Токио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА