По неуспехот во Баку, Азербејџан, најдобрите македонски борачи од 9. до 12. мај во Истанбул, Турција, ќе ја имаат последната шанса за обезбедување норма за настап на Летните олимпски игри во Париз оваа година.
Во женска конкуренција боите на Македонија ќе ги брани Вероника Рјабоволова во категоријата до 53 килограми. Кај мажите ќе настапат Владимир Егоров (57 кг.), Бесир Алили (65 кг.), Расул Шапиев (74 кг.), Ахмат Могамедов (86 кг.) и Магомедгаџи Нуров (97 кг.)
Секоја категорија во Истанбул нуди три олимписки места во Париз, по едно за двајцата финалисти и едно за победникот од плејофот меѓу двајцата бронзени медалисти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА