Македонските девојки парираа 20 минути, па Швеѓанките фуриозно го завршија првото полувреме

Македонската женска ракометна репрезентација има негатива од осум гола (15-7) уште по првото полувреме во првиот свој натпревар на Европското првенство 2024 во Дебрецин, Унгарија.

Македонија одлично го почна мечот поведувајќи низ првите пет минути со 1-3 на дуелот, за да потоа Швеѓанките брзо се вратат и низ израмнет ритам одржуваа предност од еден до два гола. Се до 20. минута Шведска имаше предност од само 9-7, по што во последните десет минути следеше неверојатна серија од 6-0 која доведе до 15-7.

Најефикасна кај Македонија е Кипријановска со три гола, а Маџовска има два погодоци.

Кај Шведска, Хагман е со пет постигнати гола, а Лундквист има три погодоци.

 

Се вчитува...