Македонските девојки загубија од Словенија и не успеаја да се изборат за плеј-оф за пласман на ЕП

Македонската женска репрезентација загуби убедливо со 4-0 на гостувањето против Словенија во последниот натпревар од Лигата Ц во квалификациите за пласман на ЕП, со што не успеа да обезбеди место во плеј-офот од разигрувањето за место на собирот на најдобрите на Стариот континент.

Словенките уште во првото полувреме поведоа со 3-0 со два гола на Прашникар и еден на Корошец, а Касталец погоди во второто полувреме за конечни 4-0.

На крајот Македонија го освои третото место во групата, и зад Летонија која денеска славеше со 2-1 против Молдавија и со 9 бода заврши на втората позиција зад Словенија која првото место го освои со убедливи 18 бода.

Се вчитува...