Македонските фанови се х-факторот за Вардар во одбраната на европската титула на претстојниот Ф4 турнир од Лигата на шампионите во Келн, се истакнува во анализата на официјалниот сајт на ЕХФ.
„Минатата година, во нивната прва посета на „Ланксес Арена“, навивачите на Вардар беа „во оган“. Годинава кога фановите на Веспрем не се таму, нивната бучна сила ќе дојде до полн израз, како што вообичаено ја претвораат салата во Скопје во тврдина. Со три француски клуба наспроти себе, Вардар ќе мора да биде обединет со своите навивачи за да стигна повторно до трофејот“ – стои во анализата на ЕХФ.
Во анализата се опфатени предностите и недостатоците на секој од четирите екипи учеснички на Ф4 турнирот во Келн што ќе се одржи овој викенд (25-26 мај) – Вардар во улога на бранител на титулата и француското трио – ПСЖ, Монпелје и Нант.
Предноста на Вардар во „големата четворка“ според аналитичарите во ЕХФ, е тоа што македонскиот шампион во Келн нема што да загубу.
„Вардар лани победи на Ф4, одбраната на титулата ќе биде бонус. Слично како и женскиот тим на Вардар на Ф4 во Будимпешта пред две седмици, тие же дадат 100 проценти бидејќи ова е последен настап во дресот на Вардар за поголем дел од играчите и за тренерот Раул Гонзалес. Никогаш не смее да се потцени волјата на Лука Циндриќ, Илија Абутовиќ или на Арпад Штербик на крајот од нивната македонска ера“.
Десната бековска позција се издвојува како глваната слабост на Вардар во однос на ланскиот шампионски настап во Келн.
„Минатата сезона Вардар беше комплетен тим, опасен од сите позиции. Оваа сезона тоа нема да биде случај. Откако Алекс Душебаев замина во Кјелце, десната бековска позиција може да биде проблем за Вардар. Хорхе Македа се уште не е константен на секој натпревар како што би сакал, додека Даинис Криштопанс ќе мора да се бори со ниските играчи на Монпелје во полудфиналето. Тактичар како Патрис Канаје нема да ја пропушти таа можност.“
Ф4 турнирот во „Ланксес Арена“ во првото полуфинале во сабота ќе го отворат ПСЖ и Нант (15.15 ч.), а потоа е полуфиалниот дуел меѓу Вардар и Монпелје (18 ч.).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА