Македонските футсал судии Ристовски и Младеновски ќе судат на Европското првенство

Најдобрите македонски футсал судии, интернационалците Доне Ристовски и Марјан Младеновски заедно со уште 30 најдобри европски футсал судии ја отвораат новата фудбалска сезона на меѓународната сцена. Тие добија големо признание од Комисијата  на УЕФА и ќе судат на престојното Европско сениорско првенство во футсал што започнува на 22 јануари и ќе трае до 9 февруари. Првенството ќе се одржи во три држави: Литванија , Летонија и Словенија. Натпреварите ќе се играат во Вилнус, Рига и Љубљана.

Доне Ростевски и Марјан Младеновски ќе судат во групата во Литванија. Познати се и репрезентациите и кој во која група ќе игра и во која држава. Во Литванија ќе играат репрезентациите на Литванија, Ерменија, Чешка и Украина /А /, во Летонија: Летонија, Хрватска, Грузија и Франција /Б/, додека во Словенија ќе се играаат двете последни групи. Словенија, Белорусија, Шпанија и Белгија/Ц/ и Италија, Унгарија, Португалија и Полска/Д група/.

На Европското сениорско првенство во футсал ќе судат 32 најдобри  судии кои беа одредени од 42 судии од Европа на последниот тест семинар што се одржа во Љубљана на кој присуствуваа Доне Ристовски и Марјан Младеновски кои ги минаа успешно физичките норми, разни тестови, правилата на футсал и други активности.

Интересно е да се напише дека од балканските простори само Македонија и Словенија имаат по двајца судии  во тандем  на првенството, додека другите имаат по еден судија што е уште еден доказ за квалитетите на нашите најдобри судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски.

М.М.

Се вчитува...