Македонските јуниори го дознаа противникот за полуфиналето

Македонската јуниорска репрезентација ќе се сретне со Бугарија во полуфиналето од Европското првенство -Б дивизија што се одржува во Скопје.

Нашите јуниори делуваат моќно и со максимален ефект стигнаа до полуфиналето по денешниот убедлив триумф над Португалија, а следна пречка ќе им биде Бугарија откако источниот сосед славеше во вечерашното четвртфинале против Швајцарија со резултат 84-78. Мечот беше решен во првото полувреме што Бугарите го добија со преубедливи 50-30, Швајцарците успеаја да се приближат во финишот, но не и да направат целосен пресврт.

Гавалјугов со 20 поени и 11 асистенции беше најдобар поединец во бугарскиот табор, каде Колев и Трифонов придонесоа со по 16 поени за оваа победа.

Полуфиналето меѓу Македонија и Бугарија носи огромен влог, ако се знае дека победникот освен пласман во големото финале ќе обезбеди и промоција во А-дивизијата во оваа возрасна граница во наредната година.

Се вчитува...