Во првиот натпревар на ЕП „Б“ дивизија, кошаркарите на Македонија под 16 години, ја совладаа селекцијата на Украина, убедливо со 96-68 во мечот одигран вечерва во СРЦ Кале.
Машката кадетска репрезентација на Македонија со одлична игра во текот на сите 40.минути, стигна до прва, и убедлива победа во премиерниот натпревар од групата „Д“ на Европското првенство од Дивизијата „Б“, против Украина.
Фуриозно, од самиот почеток одиграа избраниците на селекторот Александар Јованчев, јасно ставајќи му на својот прв ривал во групната фаза – Украина, дека нема што да бара на овој натпревар.
Цветковски беше прв поентер во нашата кадетска селекција, реализираше 22.поени (три скока и две асистенции), Данев дојде до дабл-дабл скор, изразен со 14.поени и 11.скока (плус и пет асистенции). Терзиевски финишираше со 11.поени, Ефтимовски имаше 10, исто колку што даде и Стојановски (имаше и четири скока).
По ден пауза, нашите кадети ќе се сретнат со Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА