Македонските „кантераши“ ја одбранија титулата светски шампиони

Репрезентацијата на Македонија во „Кантер страјк ГО“ го повтори историскиот успех од минатата година одбранувајќи ја титулата Светски шампион.

Македонските кантераши во финалето на Светското првенство во Бали ја совладаа репрезентацијата на Монголија со убедливи 3-1 во мапи и така го одбранија златниот медал. Тимот на Македонија беше составен од: Дамјан „kyxsan“ Стоилковски, Јане „aidKiT“ Апостолоски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Даниел „dan1“ Глигоров, Павле „stYleEeZ“ Стојановски.

Кон патот до финалето Македонија беше поуспешна од Аргентина, Германија, Русија и Индонезија.

Се вчитува...