Македонските каратисти на прием во АМС по успехот на Светското првенство во Чиле

Карате репрезентацијата на Македонија беше на прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт по најновиот успех кој младите каратисти го постигнаа на Светското првенство во Чиле.

Од седум натпреварувачи најуспешен беше Бојан Костов кој во кадетска категорија до 52 килограми го освои бронзениот медал. Во борба за медал беа и Ангела Мојсовска која го освои 5. место во категоријата до 68 килограми во помлади сениори У21 и Александар Неделковски кој исто така го загуби мечот за бронза во ката кај јуниорите. Свој настап на првенството имаа и Вероника Костовска во У21 до 61 килограм, Фахик Весели У21 -67 килограми, Доан Османи У21 -75 килограми и Владанка Аврамова ката јуниорки.

На Светското првенство во Чиле учествуваа 1557 натпреварувачи од 96 земји.

Се вчитува...