Македонските каратисти не патуваат за Баку: Одложено и Европското првенство

Поради мерките за заштита и ширење на корона вирусот, Европското првенство за сениори кое требаше да се одржи во Баку, Азербејџан од 25. до 29. март е откажано.

Македонската карате репрезентација активно се подготвуваше за учество на првенството, но истото сега е одложено.

Претходно од истите причини се одложени и следниве турнири:
1. Балканското првенство во карате за деца што требаше да се одржи од 24 – 26 април во Истанбул, Турција.
2. Клубскиот карате турнир Фунакоши Гичин кој требаше да се одржи на ден 14.03.2020 во Скопје.
3. 28миот Медитерански карате шампионат за кадети, јуниори и постари јуниори У21 кој беше предвиден да се одржи од 03-05 април во Кипар, Никозија

Се вчитува...