Македонските кик-бокс клубови со 68 медали од Интернационалниот куп „Трофеј Белград 2022“, КБК Шампион од Скопје прогласен за најуспешен клуб на Купот (ФОТО)

Македонските кик-бокс клубови со 68 медали се вратија од Интернационалното куп-првенство „Трофеј Белград 2022“ кој се одржа изминатиов викенд во главниот град на Србија.

За најуспешен клуб на купот беше прогласен токму најдобриот македонски клуб КБК Шампион, а Македонија и Кик Бокс Маи Таи федерацијата добија пехар за најтрофејна земја на првенството. Претседателот Дејан Митровски – Урко доби плакета за посебен допринос и промоција на кикбоксот.

„Сите клубови одлично се бореа и меѓусебно се подржуваа покажувајќи уште еднаш дека ни сме братска и сестринска федерација која меѓусебно и низ околината шири една позитивна енергија, меѓусебно подржување, почитување и спортско хумано однесување. Ние сме голема федерација и за одржување на наше државно првенство ни е потребна голема сала. Бидејќи немавме услови да го одржиме второто државно првенство со оглед на тоа што немаше термини слободни изминативе викенди во големите сали во нашата земја ова Интернационално првенство добро ни дојде за да ги видиме нашите борци до каде се подготвени и стекнат нови поголеми искуства. Генерално веќе ги знаеме борците кои ќе бидат во составот на нашата репрезентација оваа година на престојните светско јуниорско и европското сениорско првенство. Јас сум презадоволен од успехот на сите наши клубови и тренери“ – ни изјави Митровски веднаш по завршувањето на Интернационалниот куп во Белград.

КБК ШАМПИОН од Скопје е прогласен за најуспешен клуб на турнирот со освоени 12 медали и тоа 7 злата, 2 сребра, 3 бронзи.

Тренерот на КБК ШАМПИОН, Дејан Митровски Урко напомена дека напорните тренинзи секогаш се исплатат и носат неизбежни резултати.

„Штета што голем дел од искусните фаворити борци од КБК Шампион се опоравуваат од здобиени повреди како Бобан Илиовски, Марко Тодоров, Миа Тодорова, Петар Миовски кои во изминатиот период се исфорсираа од настани и оваа пауза им беше потребна. Но, секако задоволен сум од успехот на моите натпреварувачи“ – дополнува Дејан Митровски – Урко.

 

ОСВОЕНИТЕ МЕДАЛИ НА МАКЕДОНСКИТЕ КЛУБОВИ
1. КБК ШАМПИОН – 7 злата, 2 сребра, 3 бронзи (Пехар за најуспешен клуб и Варадинова за надобар борец на татами.)
2. КБК ГЛАДИЈАТОР – Неготино – 4 злата, 1 сребро, 1 бронза
3. КБК ГЛАДИЈАТОР – Скопје – 2 злата, 5 сребра, 1 бронза
4. КБК РАБОТНИЧКИ АДОРА – 2 злата, 1 сребро, 1 бронза
5. КБК МАКСИМ ТИМ – 2 злата, 1 сребро, 2 бронзи
6. КБК ЕНЕРЏИ – Битола – 1 злато, 4 сребра, 2 бронзи
7. КБК ПРО-КИК ФЕМИЛИ – 1 злато, 1 сребро, 1 бронза
8. КБК ТИТАН ПРО- 1 злато, 1 сребро, 1 бронза
9. КБК КАВАДАРЦИ – 1 злато, 2 бронзи
10. КБК ТИМ ЗОРАН – 1 сребро, 4 бронзи
11. КБК ГЛАДИЈАТОР ФАЈТ СТИП – 1 сребро, 2 бронзи
12. КБК АС – Делчево – 1 сребро, 1 бронза
13. КБК БУДО – Велес – 1 сребро, 1 бронза
14. КБК ПРЕДАТОР – Куманово – 1 сребро
15. КБК ЛИДЕР – Виница – 1 сребро
16. КБК КУМАНОВО 2006 – 1 сребро
17. КБК ПАТРИОТ – К. Паланка – 1 сребро.
18. КБК КОМБАТ – Радовиш – 1 бронза

Се вчитува...