Македонските кик-боксери заминаа на Светското првенство во Италија (ФОТО)

Македонската кик-бокс репрезентација предводена од првиот човек Дејан Митровски – Урко и генералниот секретар Драган Атанасовски отпатува за Италија на Светското првенство во кик-бокс.

Македонија на шампионатот на најдобрите во светот ќе ја претставуваат осумте најдобри кик-боксери од кои се очекуваат и медали од Мундијалот.

МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СП ВО ИТАЛИЈА:

-81 кг Димитар Ѓеоргиев – лоу кик

-84 кг Климент Грозданоски – кик лајт

-86 кг Бобан Илиоски – К-1

-63,5 кг Роберт Костовски – лоу кик

+94 кг Стефан Михајловски – кик лајт

-57 кг Филип Ризов – лоу кик

-63,5 кг Марко Тодоров – К-1

-65 кг Викторија Варадинова – лоу кик

Се вчитува...