Македонските кикбоксери забележаа извонреден успех на Балканскиот куп „Балканс бест фајтерс“ кој изминатиов викенд се одржа во Ниш, Србија. Македонските кикбоксери се убедливо најдобрите на Купот со освоени 110 медaли за македонските кикбоксери од кои 39 златни, 33 сребрени и 38 бронзени.
Во вкупниот пласман Македонија заврши како прворангирана на престижниот собир, во конкуренција на репрезентативци од Србија, Бугарија, Босна и Херсеговина и Црна Гора..
Како втора најуспешна земја заврши Србија, а трета Бугарија.

Од сите клубови учесници на ова првенство Кикбокс клубот „Шампион Урко тим“ од Скопје е првопласиран и се закити со пехар како најдобар во ринг дисциплините, а на татами дисциплините за најдобар клуб е избран Кикбокс клубот Прокик фемили.

Максим Митровски од Шампион – Урко тим се закити со пехар за најдобар сениор на ринг во лоу кик дисциплината.
Лука Кипровски од Шампион – Урко тим го освои пехарот за најдобар сениор во К1 дисциплината.
Милан Нешевски од Шампион – Урко тим се закити со пехар за најдобар јуниор на ринг во лоу кик дисциплината.
Иван Кукуновски од Шампион – Урко тим го освои пехарот за најдобар јуниор на татами дисциплините.
Марко Башнарков од Прокик фемили го освои пехарот за најдобар јуниор во лајт контакт.
Нашата интернационална судика Елена Неделковска е прогласена за најдобар судија на првенството.

Елена е високо рангиран судија во ВАКО судискиот состав и има добиено повеќе признанија како најдобар судија на ВАКО европските и светските првенства.

Претседстелот на Балканскста кик бокс федерација а воедно и претседател на нашата Кикбокс маитаи федерација, Дејан Митровски – Урко, доби плакета за придонес во организацијата за одржување на ова Бслканскиот куп Балканс бест фајтерс.

„Ова е уште едно меѓународно првенство со завидувачки успех на нашите кокбоксери и потврда дека сме најуспешна и најтрофејна федерација во нашата земја, и сме национален спорт број еден. Со ова првенство ја затвараме овогодишната меѓународна натпреварувачка сезона. И да истакнам дека ова е 13-то меѓународно последно првенство во оваа година. И покрај тоа што сме година ипол без никаква финансиска и логистичка помош од нашето Министерството за спорт, кое треба да гради слога, фер-плеј, да помага во промвирање на нашата земја во светот на спортот, да стимулира и да наградува според заслуги и успех, а не од лича желба, и притоа да се прави разор во и меѓу федерациите. Ја завршуваме оваа година задоволни и горди на нашите успеси“ – истакна претседателот Дејан Митровски – Урко.

„Сакам да признаам дека како претседател и водач на Кикбокс маитаи федерацијата сум горд што во нашата федерација има слога, единство, заемно помагање меѓу тренерите и меѓу спортистите од сите клубови. Ние покрај тоа што негуваме спорт и носиме медали за нашата земја, ние шириме другарство, слога, позитивна енергија. Ги тргаме од улиците младите луѓе насочувајки ги и адаптирајќи ги на спорт, дисциплина, одговорност, хуманост, здрав социјален живот, стабилност и сме пример како тоа се постигнува. Ете затоа сме најдобри, најуспешни и национален спорт број еден“ – дополни Митровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА























