Македонските кикбоксери се вратија со 56 медали од „Гранд При Сараево 2025“ (ФОТО)

Македонските кикбоксери се вратија со 56 медали од ВАКО Европскиот кикбокс куп „ГРАНД ПРИ САРАЕВО 2025” кој се одржа викендов во Сараево, БИХ.

Нашите претставници во БиХ освоија вкупно 49 медали од официјалниот европски куп „Гранд При Сараево 2025“ и седум медал од отворениот куп за почетници, од кои 15 златни, 16 сребрени и 25 бронзени одликувања.

Македонија настапи со 89 натпреварувачи во 93 влезови од 19 македонски кикбокс клубови. Тимовите беа предводени од претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко сo одбрана тренерската екипа составена од 23 тренери. На овој куп судеа и нашите меѓународни судии Неделковска, Бубески и Симјановски.

На исклучително квалитетниот европски кикбокс куп учествуваа 801 натпреварувач во 938 влезови од 181 клубови од 20 држави. Овој куп е еден од оние на кои се врши рангирање на спортистите за претстојните официјални првенства и секако е исклучителна можност за стекнување меѓународно искуство и одмерување на силите на нашите кикбоксери со најдобрите европски противници.

Во склоп на европскиот куп се одржа и Куп за деца и помлади кадети „Сараево ГАРНД ПРИ опен куп 2025” на кој настапија 14 наши млади спортисти кои освоија седум медали, од кој две златни, три сребрени и две бронзени. На овој куп учествуваа 189 младинци во 211 влезови од 58 клубови од 9 држави.

„Како претседател и водач на репрезентацијата задоволен сум од севкупниот исход од овие натпреварувања. Ваквите интернационални купови ни се непходни за континуиран развој на нашите борци. Сакам да напоменам дека имаме одличен тренерски тим преку кој создаваме одлични борци. Слободно можам да потврдам, како и секогаш, дека Кикбокс Маи Таи федерацијата на Македонија е најмасовна и најуспешна федерација со кикбоксот како национален спорт број еден во земјата“ – ни изјави по враќањето од Сараево, претседателот на КБМФМ, Дејан Митровски – Урко.

 

Се вчитува...